25 Април, 2024
0.0284

ДИВИДЕНДИТЕ НАЈАВУВААТ ВОЈНА: Банките ќе бараат Уставен суд да ја испитува одлуката на Народната банка

Објавено во: Економија, Финансии 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Има можност Македонската банкарска асцијација да поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на одлуката со која Народната банка времено им забрани на банките да делат дивиденда од остварената ланска добивка за која Централната банка извести утрово. Од Комерцијална банка која пак денеска објави за закажано Акционерско собрание за 29 март годинава а на кое предлог одлука е и поделбата на дивиденда за Фактор попладнево го дадоа следниот коментар 

„Материјалите за Собранието на акционери на Комерцијална банка АД Скопје се усвоени од Надзорниот одбор на Банката и, согласно законските прописи, се објавени во јавност пред Одлуката на Советот на НБРСМ. Очекуваме дека по однос на Одлуката на Советот на НБРСМ, Македонската банкарска асоцијација ќе изгради соодветен став, вклучувајќи и можност да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на оваа Одлука.“

Сите детали за тоа каква бура од реакции предизвика оваа одлуак на регулаторот на банките - Народната банка овде. Наши извори коментираат дека со оглед на тоа што одлуката на централната банка е облигаторна, банките кои одлучија да носат одлуки за поделба на дивиденда ќе мора да се откажат од тоа.

Попладнево и од ТТК банка известија дека закажале Собрание на акционери на кое на дневен ред е одлука за распределба на дивиденда.

„Како резултат од работењето во 2020 година ТТК Банка АД Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 100.922.015 денари. По одбивањето на данокот на добивка во износ од 10.291.802 денари, останува добивка по оданочување во износ од 90.630.213 денари. Се предлага износот на нераспределената добивка од 90.630.213 денари да се распредели дел за резерви и дел за исплата на дивиденда во бруто-износ на обични акции, стои во предлог одлуката на ТТК банка.

Впрочем нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје, по Годишната сметка за 2020 година во износ од 90.630.213 денари, се распределува на ваков начин - за  резерви 8.920.293 денари а за дивиденда за обични акции во бруто-износ  од  81.709.920 денари.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија