Дизелот поевтинува за половина денар, другите цени на горивата остануваат исти
Објавено во: Економија 25 Јануари, 2021
Цените на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,1 отсто, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
„Неочекуваниот раст на
залихите од сурова нафта во САД во минатата недела, како и очекувањата дека
потрошувачката во Соединетите држави ќе биде поттикната од мерките за помош,
објавени од новиот американски претседател Бајден за да ги ублажи ефектите од
пандемијата пратија различни сигнали кои ги раздвижија берзанските цени и дел
од нив се стабилизираа, дел намалија, додека кај тешките дестилати цените на
берзите се зголемуваа. Соодветно на
регистрираните берзански движења и нашата методологијата, прилагодени се
малопродажните цени на нафтените деривати“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна
комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95,ЕУРОСУПЕР БС-98 како и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година.
За 0,5 денари се намалува цената на дизелот и тој ќе чини 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за0,445 ден/кг и ќе изнесува 31,268 ден/кг.
Од 26.1.2021годинаод 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 61,00(денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 31,268(денари/килограм).