25 Април, 2024
0.0345

До 42 проценти разлика меѓу фабричките бројки и потрошувачката во реални услови на возилата

Објавено во: Мои пари 09 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Со цел приближување на разликата меѓу емисиите на CO2 добиени при лабораториски тестови и при возење во реални услови, што во изминатите години значително се зголеми Европската комисија од 2021 година ќе ги евидентира податоци за потрошувачката и емисијата на CO2 од возилата во реални услови и тоа директно од податоците од шал-таблата на самите возила.

ЕК ќе следи како оваа разлика се движи во периодот од 2021 до 2026 година и врз основа на тоа ќе изработи физибилити механизам за соодветно прилагодување на таргетот на просечна емисија на CO2 за 2030 година.

Европската федерација за транспорт и животна средина заедно со уште една германска НВО организација од 2016 година водат кампања насловена „Да бидеме реални – бараме потрошувачка на гориво на која може да и веруваме“ со цел подигање на свеста на потрошувачите и креаторите на политики за се поголемата разлика за потрошувачката на новите возила меѓу податоците од производителите и потрошувачката во реални услови. Моментално разликата изнесува 42 проценти.

Според податоците на Меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT) од споредбата на потрошувачката декларирана од производителите и реалната потрошувачка на возилата на пат покажува разлика од 39 проценти кај приватните возачи и 45 проценти кај возачите на службени возила. Тоа значи дека во просек разликата од декларираната потрошувачка на хартија и таа што се плаќа на бензинските станици е за 42 проценти.

Според истражувањето ваквата разлика расте од година во година, од 28 проценти во 2012 на 42 проценти во 2016 година.

Анализата на ICCT покажува дека производителите при тестирање на потрошувачката со Новиот европски циклус на возење (NEDC) ги оптимизирале возилата на начин што не може да се оствари во реални услови на возење, што резултира со поголема потрошувачка и поголема емисија на CO2.  Затоа од 1 септември 2017 година новите модели мора да поминат на Светски хармонизиран тест на патнички возила (WLTP) пред возилата да се најдат на европскиот пазар.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет