16 Април, 2024
0.0511

ДО АПРИЛ ТУРИЗМОТ ЌЕ БИДЕ ВО КОЛАПС: Кога можеме да очекуваме странски гости?

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Туризмот во земјава ќе биде во колапс до април, а потоа се очекува да почнат да доаѓаат странски гости, и тоа најмногу од соседството и од Турција.

Раздвижувањето на туристичкиот сектор ќе зависи од процесот на вакцинација и од бројот на заболени од коронавирусот. Колку побрзо почне вакцинацијата и колку побрзо се намали бројот на заболени, толку побрзо ќе станеме земја која странците ќе ја доживуваат како безбедна за патување.  Крсте Блажески од ХОТАМ вели дека кога пандемијата ќе почне да се „гуши“, а бројот на активни случаи ќе падне под 1.000, тогаш можеме да очекуваме поголем наплив на странски гости.

„Во втората половина на април очекуваме дека ќе има поголемо движење, но работите многу ќе зависат и од чартер летовите, и од нив ќе зависи дали ќе дојдат групи кои претходно се двоумеле дали да патуваат. Колку побрзо почне вакцинацијата толку подобро. Во Западна Европа дотогаш тој процес ќе тече, а ние имаме луѓе кои работат во тие земји и можат да бидат преносители. Ќе се вакцинираат старите луѓе, но треба да се вакцинираат и оние кои се движат, кои патуваат било да е тоа овде, или надвор од државата. Се надеваме дека до почетокот на новата туристичка сезона ќе имаме позитивни вести и дека бројот на заболени ќе опаѓа“, рече Блажески.

Но, не е само Охрид, кој е главен туристички центар, туку и другите туристички градови очекуваат состојбата да се нормализира и да се стави крај на пандемијата на коронавирусот. Во овие места многу луѓе живеат или пак домашниот буџет го пополнуваат со приходи остварени од туризмот.

„Веќе од мај очекуваме да дојдат странски гости, затоа што во тој период и условите одговараат за параглајдерство. Патувањата ќе зависат и од препораките на Светската здравствена организација, затоа што сепак мораме да бидеме безбедни. Лани за 50 отсто имавме помалку домашни туристи, а сега домашните гости доаѓаат за викенди или на еден ден, но сепак бројот на ноќевања е паднат“, објаснуваат од Здружението за туризам и угостителство Крушево.

Од Општина Берово велат дека откако почна пандемијата, бројот на странски посетители е минимален. Очекуваат дека околу Велигден, зависно од вакцинацијата може да има подобрување.

„Месечно во прватното сместување во Берово има од 300 до 400 гости, плус гости во хотелите. Пред да почне пандемијата најмногу странски гости имавме од Бугарија поради близината, но и од Холандија, и од други земји затоа што во Берово се одржуваа семинари“, изјави Јасмина Кржовска, вработена во Општина Берово.

Ланската година ќе биде запаметена како една од најлошите за туризмот во земјава и глобално. Пандемијата прво ги запре, а потоа ги ограничи меѓународните патувања, така што за патување во повеќето земји е потребен негативен ПЦР тест.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување