23 Април, 2024
0.0312

До кога за нив закон нема да важи: текстилците на Истокот работеа и денес

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Иако денешниот ден е прогласен за неработен, дискриминаторскиот однос на газдите од Истокот нема крај.

Фабриките во повеќе градови во источна Македонија и денес работеа а ниту горештините и жолтата алармантна фаза не ги поколебаа работодавците да ги држат цело работно време текстилците кои се едни од најнеплатените работници во државата.

-Ние сме научени да работиме секој празник. За нас нема празник, делник. Ако можат и во недела ќе не остават да работиме-се пожалија граѓани од една текстилна фабрика.

Ова не е прв пат, туку веќе со години наназад работничките права не се почитуваат и се работи и за празници како денешниот.

Бадијала се ригорозните казни кои ги воведуваат надлежните, коментираат многумина на социјалните мрежи.

„Кога во некоја земја на Запад е празник или недела, речиси ништо не работи. Се избориле работниците да се почитува тоа. Луѓето претходниот ден ги купуваат намирниците. А во неработниот ден (празник или недела) како се' да застанало.

Има сето тоа еден важен ефект од тоа, кој не мора да биде свесен. Луѓето, на доста кратки интервали, се потсетуваат што значи ако работниците не ја вршат работата. Дека во таков случај се' застанува. И работниците и оние од другата страна ја сфаќаат моќта која ја имаат работниците, барем во потенцијал. Сфаќаат дека ТИЕ се оние кои го овозможуваат непреченото функционирање на животот.

Во Македонија и во другите неразвиени земји редовно се работи и во недела и за празници. Многумина ќе се почувствуваат длабоко обесправени ако не можат и во 21 часот да претрчаат до маркетот за да купат нешто ситно. И ретко се случува да се почувствува моментот што значи кога работниците не работат. И тоа дополнително ги оневозможува работниците самите да го почувствуваат потенцијалот на работничката моќ.

Сето ова е мал детал од животот, но класната свест се гради и преку мали детали“, напиша на Фејсбук граѓанскиот активист Здравко Савески.

Дел од граѓаните пак се шегуваат дека сигурно и инспекторите за труд отишле продолжениот викенд да се разладат кај соседите во Грција наместо да ги тресат богатите газди за кои законот не важи.

Можеби ќе ве интересира

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици