20 Април, 2024
0.0253

До крајот на годината трговски претставништва во три земји

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

До крајот на годината се очекува да бидат отворени канцелариите во Германија, Турција и САД кои се замислени како државни претстаништва за привлекување странски инвестиции, но и како центри од каде ќе се нудат производи од економијата, пренесе МИА.

За луѓето што ќе бидат испратени таму, преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони ќе им биде обезбедено сместување и канцеларија така што тие ќе можат веднаш да почнат со работа.

– Ќе ја имаат целокупната поддршка од нас. Ќе ја добијат целата инфраструктурна поддршка. Мислиме дека моделот ќе биде успешен, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Оттаму брифираат дека заедно со Министерството за надворешни работи веќе работат на процесот на регистрација на овие канцеларии што ќе бидат трговски претставништва.

Активностите нема да бидат сконцентрирани само во овие три држави, туку канцеларијата во Германија ќе ја покрива Европа, канцеларијата во Турција ќе биде задолжена за Блискиот Исток, а канцеларијата за САД за цел континент.

Концептот на промотори беше воведен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и за нив беа исплаќани високи суми од државниот Буџет. На сериозни забелешки во работата на економските промотори укажаа и ревизорите. СДСМ во изборната програма најави дека ќе го укине овој концепт на промовирање на државата бидејќи е скап и не носи инвестиции. 


Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ