ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА: Од Скопје ќе се лета до четири нови дестинации-еве кои се тие
Објавено во: Економија 25 Октомври, 2021
Четири нови дестинации ќе бидат овозможени за летање од скопскиот аеродром до крајот на годинава.
Ова го кажа ген.директор на ТАВ Метин Батак во изјава за МИА.
На пазарот во Македонија влегува и британската нискобуџетна авиокомпанија „Изиџет” преку која ќе се лета од Женева до Скопје.
Останатите три дестинации ќе бидат Торино, Болоња и Билунд.
Од друга страна пак, нова авиолинија ќе биде отворена и од охридскиот аеродром до германскиот град Фридрихсхафен.
Директорот Метин посочува и дека во првиот девет месеци годинава, од јануари до септември се превезени 994 237 патници, реализирани 11 203 лета и дека луѓето не се двоумат за патување со авион и покрај пандемијата, почитувајќи ги протоколите за патување.
Фото: Skopje International Airport - SKP