До Малме и градот на модата Милано од денес Македонците ќе летаат по цени од 20 евра
Објавено во: Економија 18 Март, 2019
Од Охридскиот аеродром од денес стартуваат новите директни авиолинии до шведскиот град Малме и градот на модата Милано .
Цените се од 20 евра а со нив ќе оперира нискобуџетната авиокомапнија Визер.
Визер го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, а услов да се добијат петте милиони евра во наредните три години беше воведувањето на нови линии, особено од Охрид.
Според најавите бидејќи станува збор за нискобуџетни летови, билетите ќе бидат уште поевтини, затоа што се работи за нивно субвенционирање.
Од „Виз ер“ објавија дека во јули ќе биде донесен и уште еден петти авион.