27 Септември, 2024
0.0550

ДОАЃА НАГЛА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Ќе биде многу студено, температурите ќе паднат до 15 степени

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

До сабота ќе може да уживаме во релативно високите температури на воздухот, а од денес до сабота ќе биде претежно стабилно, суво и со многу сончеви периоди. Температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, понекаде тие ќе надминат и 25 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие се очекува да надминат и 30 степени, односно, да достигнат некаде до околу 32, 33 степени, вели метеорологот Славчо Попоски.

Веќе во недела, како и во понеделник, и тоа под влијание на силен ладен Атмосферски фронт од север во Македонија ќе има нагла и голема промена на времето, проследена со повремени локални врнежи од дожд и грмежи, особено во недела, додека во понеделник ќе биде претежно суво. Сето ова ќе биде проследено со засилен, а особено Долж Повардарието, повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие во недела дсоцна попладне и во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник ќе опаднат за околу 10 степени во споредба со сегашните, а особено во северните предели тие ќе опаднат дури и за 15 степени за кратко време. Па така, особено свежо ќе биде во понеделник, кога наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени.

Уште постудено утро ќе имаме во вторник, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, а особено на високите и на планинските места тие би можеле да бидат и уште пониски. Токму поради ова, не се исклучува можноста и за појава на слана и на утрински мраз“, вели тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања