ДОБИ 40 ГОДИНИ ЗАТВОР - човекот кој до смрт ја претепа двеиполгодишната Луна, ќерка на неговата девојка
Објавено во: Балкан 24 Ноември, 2020
Зоран Албич, кој има 25 години, е обвинет за убиство на двеиполгодишната ќерка на својата девојка. Тој денеска осуден е пред судот во Неготин на 40 години затвор, пренесува kurir.rs.
За потсетување, страшното убиство се случи во мај минатата година во населбата Прахово која се наоѓа во Неготин-Србија.
Албич несреќното девојче односно ќерката на својата девојка ја претепа до смрт. Наводно, тој кобната ноќ се вратил од шетање, а го нервирало тоа што детето плаче па почнал да го удара додека мајката на Луна била присутна.
„Кога сфатил дека детето не дише, тие го однеле во болница по што рекле дека малечката Луна паднала од тераса. Девојчето починало, а лекарите повикале полиција бидејќи страшните повреди на телото на Луна не се поклопувале со нивната приказна“, изјавил извор за kurir.rs.
По смртта на девојчето уапсени се и Албич и нејзината мајка Весна Ф.
„Весна направила договор со судот и осудена е само на 8 години затвор, за не пружање помош на немоќно лице, односно на нејзината 2 ипол годишна ќерка. Интересно е тоа што таа по излагање од притвор се смирила со таткото на Луна и тоа што очекуваат бебе, иако таа издржува затворска казна“, рекол соговорникот на Курир.