ДОБИ ХУМАНА ФУНКЦИЈА - Федерика Могерини во тимот на Гутереш
Објавено во: Свет 05 Декември, 2019
Федерика Могерини, поранешната високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, доби нова позиција во Обединетите нации, пренесуваат дел од медиумите.
Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, ги именуваше членовите на неговиот тим, осуммина кои ќе работат на прашања на внатрешно раселените лица.
Со комисијата ќе претседаваат заеднички Могерини и Доналд Каберука, моментално претседател на бордот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, се вели во соопштението на ООН.