25 Април, 2024
0.0405

Добивките ќе паѓаат, даноците ќе растат – спортските обложувачници и казината пред клуч?

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Дури и најмалите износи при добивка во спортските обложувачници наскоро ќе се оданочуваат со 10 отсто персонален данок на доход. Како што пишува Дневник, ова се предвидува со измените влезени во собраниска процедура, каде се бара оданочување секоја добивка на посебните игри на среќа во кои влегуваат казината, обложувачниците, автомат-клубовите. Ако не го надминуваат износот од 10.000 денари, овие добивки досега беа ослободени од данок. Сепак со измените на Законот за персоналниот данок на доход, измените важат и во плаќањето данок за добивките и кај општите игри на среќа, како лотаријата, бингото, лотото. Kај овие игри се спушта добитната граница од 10.000 денари, па државата ќе зема по 10 отсто од сите добивки над 5.000 денари. Загрижени поради излените се Асоцијацијата на спортски обложувачници на Македонија кои веруваат дека со ова ќе бидат избркани редовните играчи. Од ваквото решение, реагираат од Асоцијацијата,  сите ќе бидат во загуба, и играчите, и обложувачниците и државата. Според нивните предвидувања ,за кратко време, а максимум за две години, ќе се случи целосен крах на овој бизнис во земјава. Потенцираат дека ова решение е најголем удар на обложувачниците бидејќи кај нив секој тикет кој е добитен се смета за исплатена добивка и со вакво решение ќе се оданочува со 10 отсто.Пресметките на Асоцијацијата на спортски обложувачници покажуваат дека со сегашното решение околу 7-8 обложувачници на 450 уплатни места во просек годишно генерираат обрт од околу 160 милиони евра. Ако бруто-приливот на обложувачниците изнесува 13 отсто или околу 20,8 милиони евра, а вкупната исплата во обложувачниците 139,2 милиони евра, тие на годишно ниво инкасираат околу 5 милиони евра во државниот буџет.Прогнозираат дека со новото решение обртот ќе падне на 40 милиони евра уште во првата година, анализира Дневник.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди