ДОБРА ВЕСТ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ - вакцината на Оксфорд е ефкасна 70 отсто
Објавено во: Свет 23 Ноември, 2020
Вакцината, развиена од Универзитетот во Оксфорд, е 70 отсто ефикасна кај луѓе кои развиваат симптоми на ковид. Ова го покажала една голема студија.
Тоа е добра вест од една страна, и разочарување од друга страна, откако вакцините на компаниите Фајзер и Модерна беа ефективни дури 95 проценти, пишува Би-Би-Си.
Значи, ако бидат одобрени, тоа сигурно ќе има значајна улога во борбата против пандемијата. Владата на Велика Британија однапред нарача 100 милиони дози на вакцината Оксфорд, доволна за имунизација на 50 милиони луѓе.
Во клиничко испитување на вакцината Оксфорд учествувале 20.000 доброволци, од кои половина од Велика Британија, а останатите од Бразил. На Ковид 19 биле позитивни само 30 лица кои примиле две дози на вакцина, но и 101 лице кои примиле плацебо.
Експертите кои ја спроведоа студијата заклучија дека вакцината дава 70 проценти од заштитата.