ДОБРА ВЕСТ СТИГНА ДИРЕКТНО ОД АМЕРИКАНСКАТА ФЕД: ЌЕ ЗАБАВУВА РАСТОТ НА КАМАТИТЕ - Волстрит автоматски порасна

Објавено во: Финансии 24 Ноември, 2022
На Волстрит цените на акциите пораснаа втор ден по ред во средата, бидејќи записникот од состанокот на американските централни банкари покажаа дека покачувањето на каматните стапки наскоро може да забави. Dow Jones зајакна за 0,28 отсто, на 34.194 поени, додека S&P 500 порасна за 0,59 отсто, на 4.027 поени, а Nasdaq индексот порасна за 0,99 отсто, на 11.285 поени.
Растот на индексот втор ден по ред најмногу се должи на објавувањето на записникот од последната седница на ФЕД, кој покажа дека мнозинството лидери на централната банка сметаат дека темпото на зголемување на каматните стапки наскоро би можело да се забави.
Ова ја засили тезата дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за 0,50 процентни поени во декември, по серијата зголемувања за 0,75 поени.
И забавување на затегнувањето на монетарната политика е можно бидејќи низа макроекономски податоци покажуваат дека деловната активност слабее, додека растот на потрошувачката, главниот двигател на економијата, забавува.
Сепак, сè уште има отворени прашања за тоа како ќе се движи инфлацијата во наредните месеци и до кое ниво ФЕД ќе ја зголеми цената на парите.
Аналитичарите велат дека пазарот деновиве е предмет на поголема нестабилност поради помалиот обем на тргување пред празникот - Денот на благодарноста, кој многу инвеститори обично го поврзуваат со викендот.
Така, вчера на американските берзи се сменија околу 9,25 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 11,6 милијарди.
Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,17 отсто, на 7.465 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,04 отсто, на 14.427 поени, а париски CAC 0,32 отсто, на 6.679 поени.
Можеби ќе ве интересира
ЗА ЕДНА ГОДИНА КРЕДИТИТЕ НА ФИРМИТЕ ИМ ПОСКАПЕЛЕ ЗА ДВА ПРОЦЕНТНИ ПОЕНИ - еве какви се другите каматни стапки

ИЗМАМЕНИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДОРМЕО: Останаа без работа, а немаат ни плата, се активираат и синдикатите во Србија

ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО: Прераспределбата на средствата од буџетот пред Комисијата за финансирање и буџет, еве каде се кратат средства

ЛИЧНИ ПРИЧИНИ, ЗГОЛЕМЕНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ОБВРСКИ ВО ДРУГИТЕ АНГАЖМАНИ - Миле Зечевиќ поднел оставка од функцијата член на Надзорен одбор во Стопанска банка Битола

РУСИЈА СЕГА ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ: Купија ланец трговски центри

НОВО од Комерцијална банка - Пакет бесплатни производи и дигитални услуги за млади без плата

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РУСКАТА РУБЉА? Министерството за економија ги соопшти деталите

ИМА ЛИ ВРСКА СО НАЈАВАТА ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ, ИЛИ НЕ - во блок трансакции купени поситни проценти акции на Стопанска банка Битола

КАКО ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Заработуваат и до 3.500 евра месечно, киријата им пречи, зборуваат само за пензија, не жалат пари и не планираат да се вратат
