29 Септември, 2024
0.0313

ДОЧЕЦИ ДОМА, НА ПЛОШТАДИТЕ, ВО КОЛЕКТИВИТЕ: Како се славела Новата година низ годините во Македонија?

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Во минатото во различни делови од Македонија различно се славела Новата година.

Битолскиот хроничар проф. Александар Стерјовски  објаснува дека со текот на годините имало промени во начинот на кој се славела Новата година. Вели дека во битолскиот крај порано повеќе се придавало значење на славењето на Стара Нова година.

„Во периодот меѓу двете Светски војни, за време на окупацијата на Македонија и по ослободувањето се славела Стара Нова година, додека прославите на Новата година почнуваат некаде во 50-те години“, вели Стерјовски.

Атанас Ќушкоски хроничарот од Вевчани вели дека порано луѓето славеле во колективите, односно преку работните организации се организирале прослави во хотели и ресторани каде се собирале најмалку 30 луѓе. 

Љубчо Алексовски, хроничар и новинар од Гевгелија објаснува дека гевгеличани немаат навика Новата година да ја дочекаат на плоштад. Имало прослави со македонски естрадни ѕвезди на плоштадот во овој град, но излезноста била мала.

„Вo Гевгелија нема некоја традиција да се чека Новата година на плоштад. Луѓето се дома или во рестораните за дочекот. Оваа година ќе има прослава со локални уметници на плоштадот, и ќе видиме како ќе помине“, рече Алексовски.

Стевче  Доневски, хроничар од Кратово вели дека имало периоди кога луѓето славеле по дома, но и времиња кога се популаризира славењето на Нова година на плоштад. Објаснува дека во Кратово во минатото се случувало хотелите и рестораните да бидат полни со гости за празниците, но потоа доаѓаат и години, кога населението било во понезавидна финансиска состојба и се празнувало во домашна атмосфера. Истакнува дека во тие минати времиња, во угостителските капацитети, имало скечеви, хумор и лотарија за присутните гости.

„Постарите генерации сигурно се сеќаваат дека се славеше со многу јадење, пиење, со богато мени, од свинско, пилешко, до мисиркино место на трпезите, но тоа е само минато време. Имаше години кога во градот доаѓаа гости од Бугарија за празниците. Има и дочеци на плоштад, а и ковидот си го направи своето, така што луѓето се собираат во помали групи. Инаку, јас како дете се сеќавам дека во моето семејство се придаваше големо значење на Стара Нова година“, вели Доневски.

Многу градови останаа без своите хроничари кои беа во поодминати години, а некои од нив ја загубија битката со коронавирусот. Но, во многу општини и новинарите ги следат општествените појави и промени.

Сенад Расимов, новинар и уредник на Малеш Нет од Берово вели дека порано имало поголема еуфорија и поголема желба за славење по повод Нова година. Денес, раскажува дека не е така и дека пандемијата си го направи своето.

„Во Берово нема еуфорија, и пријателите генерално ќе бидат дома, иако не е исклучена можноста хотелите и рестораните да бидат полни, бидејќи доаѓаат гости од Скопје и од Бугарија, поради добрата храна, чистиот воздух, а Берово е мирно и тивко место. Претходно во Берово имало и дочек на плоштад, кафулињата беа полни, но сега е поинаку“, вели Расимов.

Професорот во пензија Јордан Михајловски од Крива Паланка објаснува дека за време на стара Југославија и во кривопаланечко акцентот бил ставен на славење на Стара Нова година. По повод Василица, многу луѓе славеле именден или куќна слава, а децата имале традиција да земат дреново гранче, да го стават во сад со вода, да го чуваат дома на топло за да расцути, и потоа оделе на гости, при што со гранчето ги удирале роднините, им посакувале здравје, а тие нив ги дарувале. Овој обичај останал до денес. Мажите и еснафот, се собирале во кафеани.

„За време на окупацијата од 1941 до 1944 година се истиснува Стара Нова година, а се наметнува прославувањето на Новата година. Знаеме дека Србите и денес православната ја нарекуваат Српска Стара Нова година, а Бугарите тоа го анулирале во тој период. Но, кај постарите жители тоа не е прифатено, затоа што славењето на Нова година го доживуваат како „упад“ во божиќниот пост. Женскиот актив потоа почнува со прослави за Нова година во градот, а тоа го прифаќаат младите, студентите, средошколците и тие се тој бран на промени. Овие промени претходно стигнале и во Скопје, затоа што има податоци дека во 1948 години имало прослави на Нова година во училиштата“, додава Михајловски.

Наведува дека прославите за Нова година се одржувале во сала која претходно била воено кино, и која е реновирана во 1952 година.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје