20 Април, 2024
0.0333

Доцнењето на законските измени го враќа проблемот со злоупотреба на екстра лесното гориво

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Повеќегодишниот проблем со злоупотреба на екстра лесното гориво, од што губи и буџетот и животната средина, повторно се враќа откако Владата и Собранието не ги донесоа потребните законски измени, а во меѓувреме истече рокот на важност на уредбата за изедначување на акцизата, како мерка за сузбивање на нелегалниот пазар со ова гориво. 

Со Уредбата за дополнување на Законот за акцизи, од април 2020 година, во пресметката на акцизата за Екстра лесното гориво се додаде и дополнителна акциза за гасното масло како погонско гориво, како и можност за враќање на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење или употребено во процес на производство. Со тоа се доби механизам за заштита од злоупотреби на ова гориво по примерот на европските земји, каде неговата цена на бензинските станици е иста со цената на дизелот, но потоа се враќа дел од акцизата за корисните кои ќе поднесат барање во кое ќе ја докажат неговата употреба за греење или во производство.

Мерката дала ефект и потрошувачката на Екстра лесно гориво во вториот дел на годината, според анализите на Регулаторната комисија за енергетика, е намалена меѓу 35 и 40 проценти, вели во изјава за телевизија Телма, претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

- Тоа упатува дека на овој начин се зголемени приливите во буџетот и се спречени малверзации, односно наместо екстра лесно се точело тоа што треба, односно дизел и на тој начин се дал и значителен придонес и кон заштита на животната средина, изјави Бислимовски.

Додека од пониската акциза на Екстра лесното гориво што се троши како дизел за транспорт државата губи повеќе од 11 денари по литар, при согорувањето екстра лесното загадува 100 пати повеќе од дизелот, бидејќи содржи 100 пати повеќе сулфур на еден литар гориво.

Статистиката покажува дека годишно во нашата држава се трошат 50 милиони литри ЕЛ-1, додека за да се задоволат годишните потреби на домаќинствата потребни се не повеќе од 5 милиони литри.

Иако за кратко, проблемот со злоупотребите на екстра лесното гориво се надмина со Уредбата со законска сила, поради доцнењето на законското решение кое остана заглавено во Собранието, пратениците и Владата свесно или несвесно, повторно го враќаат во игра нелегалниот пазар со ова гориво. 


Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?