Додека Џеф Безос трупа богатство, илјадници работници ширум Европа мизеруваат
Објавено во: Финансии 18 Јули, 2018
Сопственикот на Амазон, Џеф Безос стана најбогатиот човек во светот откако неговото богатство надмина 150 милијарди долари.
И додека тој книжи милијарди, илјадници вработени во европските магацини на американската компанија Амазон стапија во штрајк со барање за подобри услови за работа и поголеми плати.
Вчера штрајкуваа магационерите на Амазон во Германија со што им се приклучија на колегите од Шпанија и Полска кои завчера стапија во штрајк.
Германскиот синдикат на работници во услужните дејности Верди свика еднодневен штрајк за да ги поддржи барањата за договори кои би гарантирале здрави работни услови во магацините на најголемата светска компанија за онлајн трговија.