14 Август, 2020
0.0396

ДОДЕКА ГРУЕВСКИ Е ОСЛОБОДЕН, сите ние кај Кинезите се задолжуваме уште 180 милиони долари за Кичево-Охрид

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2019

Државни патишта ќе земе, а државава ќе гарантира за голем кредит од кинеската ЕКСИМ банка, тежок дури 180 милиони долари, со цел да се доизгради автопатот Кичево-Охрид.

Во Собранието веќе тече процедурата за ноесење на закон за гаранција на обврските од овој заем, додека кредитот всушност ќе го земе Јавното претпријатие за државни патишта.

Предложениот закон денеска го гледаше собраниската Комисија за финансирање и буџет, а предвидено е тој да се донесе по скратена постапка.

Автопатот Кичево-Охрид почна да се гради и за него земјава од кинеската ЕКСИМ банка веќе зеде еден кредит, на износ од дури 505 милиони долари.

Но, откако се смени власта, новата Влада пронајде голем број пропусти во дотогашната реализација, со што се испостави дека ќе мора да се обезбедат дополнителни пари за изградбата.

За овој случај и поранешното Специјално јавно обвинителство отвори истрага, за случајот наречен Траекторија, за проневерени 155 милиони евра.

А токму денеска, за случајот да биде поинтересен, поранешниот премиер Никола Груевски, актуелен азилант во Унгарија, е ослободен од кривична одговорност од страна на судот за предметот „Траекторија“ што го отвори поранешно СЈО. Ваквата одлука следуваше откако неговиот адвокат по службена должност Горан Кркински побарал прекинување на постапката заради апсолутна застареност 

Рочиштата за „Траекторија“ една година се одвиваа без присуство на бегалецот Груевски, кој беше обвинет за кривичното дело "примање награда и противзаконито влијание", при изборот на кинеската  фирма за изградба на автопатите.

Во „Траекторија“ обвинети се и поранешниот вицепемиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски, за злоупотреба на службаната должност за тендерот за избор на компанија изведувач за изградба на автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. 

Оваа Влада пред една година потпиша Анекс бр.3 на Договорот за изградба на автопатот со изведувачот.

„За реализација на дополнителните активности предвидени со Анексот бр.3 потребни се 179.694.572 милиони долари, кои ќе се обезбедат со Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид, кој ќе се склучи меѓу Експорт - импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта. Доделувањето на овие средства кинеската Ексим банка го условува со издавање гарантно писмо“, се вели во образложението на законот.

Предлчагачот на законот, односно Владата, велат дека досега во рамки на проектот повлечени се 315,6 милиони долари од заемот.

Согласно Законот за јавен долг во име на Владата, министерот за финансии потпишува договор за издавање на државна гаранција или гарантно писмо кон странски заемодавачи, како и договор за обезбедување на државна гаранција со субјектот во чие име е издадена, по претходно донесен закон за издавање на државна гаранција.

По усвојување на Законот за гаранција од страна на Собранието и неговото објавување во Службен Весник, предвидено е склучување на Договор за заем помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Експорт - импорт банката на Кина, за кој министерот за финансии во името на Република Северна Македонија ќе потпише Гарантно писмо со кое земјава ќе го гарантира навременото и целосно сервисирање на обврските од заемот.

Затоа сега Јавното претпријатие за државни патишта ќе се задолжи со заем во износ 180 милиони долари, за доизградба на автопатот.

Експорт - импорт банката на Кина го условува одобрувањето на заемот со издавање на гарантно писмо од страна на Република Северна Македонија.

Заемот ќе биде доделен под следните услови. Рокот за отплата на заемот е 20 години, со вклучен грејс период од 5 години. Ќе се отплаќа во 30 еднакви полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 20 април и 20 октомври. Каматна стапка е фиксна каматна стапка и ќе изнесува 2 отсто на годишно ниво за целото времетраење на заемот. ЈП за државни патишта ќе и плати на Експорт - импорт банката на Кина еднократна провизија во износ од 0,25 отсто од износот на заемот, во рок од 30 дена од датумот на влегување во сила на Договорот за заем. ЈП ќе и плаќа на Експорт - импорт банката на Кина провизија на износот на неповлечени средства од заемот во износ од 0,25 отсто на годишно ниво, почнувајќи од 30-тиот ден од датумот на влегување во сила на Договорот за заем.

А законот ќе се носи по скратена постапка, бидејќи, велат од Владата, не е во прашање донесување на сложен и обемен закон.

Сите обврски кои произлегуваат од Договорот за заем од членот 1 од овој закон, како и сервисирањето на заемот ќе го врши Јавното претпријатие за државни патишта од приходите кои ги остварува, во рокови и услови утврдени во Договорот за заем, се наведува во законот.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Ангеловска-Бежоска кај Пендаровски: Максимални напори за обештетувањето на депонентите во Еуростандард

Ангеловска-Бежоска кај Пендаровски: Максимални напори за обештетувањето на депонентите во Еуростандард

ЕВН Македонија со осуда на инцидентот во Тетово, преземаат мерки за поголема заштита на вработените и имотот

ЕВН Македонија со осуда на инцидентот во Тетово, преземаат мерки за поголема заштита на вработените и имотот

Фондот за осигурување на депозити: Обесштетувањето ќе започне во рок од 20 дена

Фондот за осигурување на депозити: Обесштетувањето ќе започне во рок од 20 дена

Македонија меѓу земјите со најмал ризик за перење пари

Македонија меѓу земјите со најмал ризик за перење пари

Која македонска компанија подготвува нешто за првпат достапно на мобилен телефон?

Која македонска компанија подготвува нешто за првпат достапно на мобилен телефон?

ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА ПОРАЧАЛА: Струјата не треба да биде евтина за сите, но да им се помогне на оние погодени од ковид кризата

ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА ПОРАЧАЛА: Струјата не треба да биде евтина за сите, но да им се помогне на оние погодени од ковид кризата

Силк Роуд Банка: Важни информации за сите идни приматели на пензија

Силк Роуд Банка: Важни информации за сите идни приматели на пензија

Денеска протест против поскапувањето на струјата во неколку градови, главниот во Скопје

Денеска протест против поскапувањето на струјата во неколку градови, главниот во Скопје

ИМАЛО ЛИ ЗАИНТЕРЕСИРАН ИНВЕСТИТОР - кој сакал да достави понуда за Еуростандард банка?

ИМАЛО ЛИ ЗАИНТЕРЕСИРАН ИНВЕСТИТОР - кој сакал да достави понуда за Еуростандард банка?