Додека пловат, Мерко не може да ги казнува педалинките
Објавено во: Економија 14 Јули, 2018
Покрај одлуката на Советот на Општина Струга за забрана на педалинки во водите на Охридското Езеро, на струшкото крајбрежје повторно може да се видат овие пловни објекти.
Градоначалникот Рамиз Мерко за МИА вели дека инспекторите се на терен и секоја педалинка што ќе биде затекната на крајбрежјето ќе биде одземена, а ќе следува и парична казна.
– Инспекторите се на терен. Некои викаат дека не можеме да ги чепкаме во вода, бидејќи тоа е надлежност на Капетанијата, ако излезат на копно, тогаш е работа на Општина Струга. Ние ќе чекаме кога ќе излезат да земаат луѓе, да ги преземеме сите мерки предвидени со закон, изјави Мерко.