25 Април, 2024
0.0445

Додека Рашковски е во Мексико, обвинители чешлаат документи во Владата

Објавено во: Македонија 20 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Додека тој е во Мексико на одмор во поевтини хотели, Јавното обвинителство отвори предистрага за случајот со набавката за сообраќајни прекршоци. Драги Рашковски е во центарот на овој случај, а обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска вчера за ТВ24 изјави дека Обвинителството собира документација за софтверот кој го набавил тој. Таа веќе потпишала повеќе наредби, а од Генералниот скретаријат чиј шеф беше Рашковски потребните документи треба да ги достават во рок од две недели. 

Истражителите собираат податоци и за Инвока груп - фирмата која го изработила софтверот. 

- Потпишав повеќе наредби за да се собере документацијата и од Владата и од други институции. Вчера беше оформен предметот, рано е да се каже дали и кое кривично дело е во прашање. Не е проблем што Рашковски не е тука моментално, ние имаме други тековни активности кои мора да ги завршиме, рано е за распити, изјави Вилма Русковска, шефица на ОЈО-ГОКК, вчера за ТВ24.

Владиниот Генерален секретаријат, во времето на Драги Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба, а бил платен 81.000 евра. На огласот на Генералниот секретаријат на Владата во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР се пријавиле три компании. Победила компанијата „Инвока“. Софтверот е платен во февруари 2020 година, шест дена пред изборите. Софтверот веќе една година не е во употреба.

Освен Обвинителството предмет за случајот отвори и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Оттаму изјавија дека ќе отворат постапка по допрен глас за да се истражи процесот на набавката. Рекоа дека ќе побараат од Владата да им го даде на увид планот за таа набавка и образложение зошто е купен софтвер, кој не е во функција.

Премиерот Заев рече дека нема сомнеж за набавката. Професорот Рашковски е по потекло од Струмица, а кога беше назначен за генерален секретар во 2017 година тоа се препишуваше наљ блискоста со премиерот. Освен што е експерт во правото тој има знаење во информатичките системи. 

Иновирал и електронска гласачка кабина, но и концепт за одржување на прецизен и непристрасен попис, идеи кои не се реализирани.


Можеби ќе ве интересира

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско