29 Март, 2024
0.0249

ДОДЕКА СВЕТОТ ЈА ЧЕКА ОДЛУКАТА НА ТРАМП за договорот со Иран, цените на нафтата ...

Објавено во: Свет 08 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата паѓаат по 42-месечен врв во очекување на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп дали САД ќе воведат нови санкции против Иран, соопштува Ројтерс. Според аналитичарите дел од распродажбите се должат на вовлекување на добивка покрај вчерашното поскапување на "црното злато".

Ако Трамп ги повлече САД од нуклеарната програма на Техеран, извозот на сурова нафта од Иран може да биде засегнат, а како резултат на тоа ќе се зголеми нестабилноста на пазарот, кој се стреми кон задржување на стабилност.

Фјучерсите на американската сурова нафта за испорака во јуни поевтинија со 0,79% до 70,17 долари за барел. Сортата Брент паднала 0,62% до 75,70 долари за барел.

Трамп во понеделникот објави дека одлуката дали да остане во нуклеарната спогодба во Иран или да наложи санкции ќе биде најавено токму денес - четири дена порано од очекуваното.

Најверојатно решението на Трамп нема да е во корист на Иран и тоа ќе доведе до "значително намалување" на продажбата на иранска нафта во рамките на следните шест месеци, сметаат од Barclays Research во својот извештај.

Ако Трамп ги обнови основните санкции, согласно законите на САД, тој ќе мора да почека барем 180 дена пред да ја наметне мерката која е насочена кон банките на држави кои не успеваат значително да ги намалат нивните купувања на иранска нафта.

Аналитичарите од RBC Capital Markets сметаат дека извозот на Иран може да биде намален со 200 илјади до 300 илјади барели како резултат на евентуалното решение. Ирански официјални лица велат дека нафтената индустрија во земјата ќе продолжи да се развива, дури и ако САД го напуштат договорот.

На стоковите пазари златото останува без промена во почетокот на денот на ниво од 1314,10 долари за барел. Бакарот, среброто и платината поскапеле соодветно со 0,18%, 0,34% и 0,04%.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?