„ДОДЕКА ТОШКОВСКИ СО СВОЈОТ ТИМ ДО ТРИ ПО ПОЛНОЌ РАБОТЕШЕ НА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ, ...“ - еве каде, според Салиу, бил заменикот
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024
Новинарот Фуркан Салиу на фејсбук излезе со интересна информација околу синиоќешниот скандал со уништувањето на македонското знаме.
„Додека Тошковски до 3 часот по полноќ со својот тим работи на откривање на лицата кои ги извршиле делата синоќа и денеска се под лисици, заменик-министерот Астрит Исени го користи својот кабинет како салон за прием и придружба.
Токму во неговото Куманово, албанското знаме синоќа го запалија луѓе кои ги користат социјалните мрежи и имаат поткасти секоја недела“, напиша на фејсбук новинарот Салиу, не давајќи детали што мислел со оваа негова објава, односно поконкретни информации на таа тема.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.