28 Март, 2024
0.0253

Доделени наградите на учениците со најдобри творби за меѓународните денови на штедењето и осигурувањето

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Финансиската едукација треба да започне уште од основно училиште. Треба да се вложува во унапредување на финансиската писменост, бидејќи таа придонесува за подобри финансиски одлуки и здрава економија. Ова беше истакнато денеска на јавното доделување на награди за ученици од основно и средно образование од конкурсот за најдобри литературни и ликовни творби по повод меѓународните денови на штедењето и осигурувањето. Доделувањето се одржа во Министерството за финансии, а на него присуствуваа министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Поповски.

-Колку е повисоко нивото на финансиска писменост, толку подобри финансиски одлуки се носат. Со финансиска едукација треба да се започне уште од основно образование. Децата треба да знаат која е функцијата на парите, што значи да се штеди. Затоа Министерството за финансии, како дел од Координативното тело за финансиска едукација, во текот на целата година организира предавања во основните и средни училишта. Во насока на финансиската едукација е и изработката на „Граѓанскиот буџет“, со кој на јавноста на едноставен начин и се дава увид во државниот буџет. На тој начин граѓаните имаат поголема контрола врз трошењето на државните пари - истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Гувернерката на НБРМ Ангеловска-Бежоска истакна дека централната банка, веќе години наназад презема бројни активности на полето на финансиската едукација. Меѓу активностите реализирани оваа година, таа го издвои и мерењето на финансиската писменост во државата, реализирано од НБРМ, кое на регулаторните институции им овозможи јасна слика за нивото на финансиската писменост и претставува една од основите за планирањето на натамошните активности во сферата на финансиската едукација.

-За општеството, од нивото на штедење зависат инвестициите, а од инвестициите зависи и развојот и благосостојбата во економијата. Штедењето значи повеќе болници, а со тоа и подобар квалитет на нашиот живот, повеќе патишта кои ќе нè однесат посигурно и побрзо до нашата природна одредница – Европската Унија, поквалитетен образовен систем, а со тоа и соодветен човечки потенцијал без кој нема прогрес во општеството.- истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска осврнувајќи се на придобивките кои ги носи штедењето.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) Климе попоски истакна дека раната финансиска едукација претставува клучен фактор за долгорочен развој на финансискиот систем вон една земја. Во развиените земји степенот на финансиска едукација е на многу повисоко ниво и Агенцијата за супервизија на осигурувањето се залага и се стреми кон примена на повисоки стандарди кои ќе не однесат до посакуваните резулатати и општествена благосостојба. Мешу другото попоски истакна дека АСО како регулатор на пазарот на осигурување години наназад презема многубројни активности на полето на финансиска едукација меѓу кои издавање на корисни брошури и памфлети, друштвени игри за помладите од кои учат за ризиците и управувањето со нив, како и дека се организираат редовни предвања во основните и средни училишта.

Конкурсот за литературни и ликовни творби по повод Денот на штедењето се одржува од 2012 година, додека од 2014 година тема на конкурсот станува и осигурувањето. Годинава, конкурсот е најмасовен досега со над 1.100 литературни и ликовни творби од ученици од основно и средно образование. Наградени се 18 ученици, додека 12 ученици се пофалени.

Во текот на годината, Координативното тело за финансиска едукација во кое се претставници на НБРМ, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност има едукативни активности кои опфаќаат над 35.000 ученици.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат