16 Април, 2024
0.0229

Доделени стипендиите од ОКТА за десетте студенти на УКИМ

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Десет студенти од шест факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се добитници на стипендиите за втор циклус студии кои втора година по ред ги доделува компанијата ОКТА. Стипендиите на избраните кандидати им ги врачи Главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос, за време на свеченоста за одбележување на 40годишниот јубилеј на компанијата. 


Со доделување на целосните стипендии за постдипломски студии, компанијата ги поддржува најуспешните и најамбициозните студенти кои сакаат да го продлабочат своето знаење на повисоко ниво. Изборот на факултети односно стипендирани области се тесно поврзани со дејноста на компанијата. Во таа насока, за академската 2018/2019 година се доделени по две стипендии на ПМФ – Институт за хемија, Машинскиот факултет, ФЕИТ и Технолошко-металуршкиот факултет, додека стипендии добија по еден студент од Економскиот факултет и од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Преку меморандумот за соработка потпишан со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, ОКТА континуирано го поддржува професионалното надградување на студентите на УКИМ. Повеќегодишната соработка се одвива и преку реализирање на редовната програма за практиканти, како и со поддршката на компанијата на различните активности за унапредување на наставно - образовните процеси.

Можеби ќе ве интересира

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Голем интерес за услугата OneID на вебинарот организиран од КИБС и Nextsense

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот пазар на телевизори 18 години по ред