Додик вели не смеат Србите да се колебаат за единство на РС и Србија
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2018
Претседателот на српскиот ентитет во БиХ, Милорад Додик вели дека една од целите што треба да ги остварат Србите е создавање на државно единство меѓу Република Српска и Србија и за тоа не смееме да се колебаат.
Тој додаде дека тоа можеби нема да се случи во текот на неговиот живот, но верува дека тоа ќе се случи во некој подоцнежен период
„Колку тоа некому да не му се допаѓа или да навредува, тоа е српска национална идеја, не на оваа или следната година, туку на овој век. На многумина од ова им се крева косата на главата, но ние имаме историско право на тоа“- изјави Додик во обраќањето на Конференција за Јасеновац што започна денеска во Бања Лука.
Ова не е прв пат Додик да зборува за вакви идеи за обединување.