Догодина ќе „увезат“ 200 медицински сестри
Објавено во: Финансии 17 Декември, 2018
Владата на Хрватска идната година ќе „увезе“ 200 медицински сестри, од кои 50 ќе работат во здравството, а 150 во домови за стари лица, пишуваат хрватските медиуми.
Оваа година во оваа бранша се вработени само 5 странци.
Но, во домовите за стари лица потребни се готвачи, чистачи, но и 10 физиотерапевти, по пет странски психолози, но и логопеди за во други уставнови ќе бидат „увезени“.
Хрватска оваа година ја напуштиле 1.800 медицински сестри, и тие заминале во Германија каде заработуваат по 1.800 или 2.000 евра.
фото мој посао