29 Март, 2024
0.0306

ИНТЕРВЈУ МАРИА АНДОНОВА ПИРГОВА

ДОГОВОР ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО: (Не)успех на Заев и Борисов?!

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во Бугарија доминираат луѓето и политичарите кои посакуваат  Македонија да биде дел од ЕУ. Националистички опоненти на Договорот за добрососедство има и во двете општества. Тој ниту ги загрозува ниту ги решева идентитетските прашања.  Марија Андонова – Пиргова  е доктор по политички науки и за себе вели дека е Бугарка од македонско потекло.

“Поимот и дефиницијата за идентитет не смее да ја ограничува личноста. Персонализацијата е самоопределувањето преку свесноста и активности. Идентитетот не се зема и не се дава, тоа е интимно доживување на припадност кон некого и нешто. 

Ние сме граѓани со различни идентитети,  вели во интервју за Фактор професорката на Универзитетот Св. Климент Охридски од Софија. Таа вели дека Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот, но ја прифаќа слободата.

“Секој нека пишува, како сака. Историјата е во принцип заедничка, но и одделна за секоја држава и во тоа нема ништо лошо. Таа припаѓа  на сите кои ја изучуваат или следат како наука за фактите во минатото”.

Горазд ЧОМОВСКИ

Фактор: Како се наближува датумот до потпишување на договорот за добрососедство и соработка така националистичките страни во двете земји се погласно критикуваат со исти тези - дека документот е штетен за нивната земја. Дали во една ваква атмосфера договорот може да отвори нова перспектива во односите меѓу двете соседни земји ?

Пиргова:  Посетата на македонскиот премиер во Бугарија и одлуката да се потпише нов договор меѓу Бугарија и Македонија  со во нашата земја се следи со особено внимание. Поголемиот дел од нашиот народ сакаат да имаме добри односи со Македонија, двете држави да бидат во ЕУ, да нема граници во рамките на Европската унија.

Изолацијата помеѓу народите на Бугарија и Македонија ги обремени нашите билатерални релации и стана товар за двете страни.  Нема потреба да се враќаме во минатото, подобро е да се фокусираме кон иднината. Сосема ми е јасно дека во двете држави има сили кои сакаат политички да прифитираат играјќи на националистичка карта. Новиот модел на европски патриотизам значи подеднакво да се бранат заедничките приоритети и вредности. Точно е дека во Македонија во последно време е во перманентна криза предизвикана со стагнација во економскиот развој и мефункционални државните институции.

Бугарија исто така имаше  слични проблеми а некои сеуште се акутни. Во двете земји граѓаните се сиромашни, па политичарите често  не посветуваат внимание на вистинските социјални прашања - оние за сиромаштијата, за корупцијата, за кражбите и недостатокот на правда.  Тоа се есенцијални проблеми а не  кој какво потекло има. Луѓето страдаат поради лошиот живот, а не од нивното потекло историја, минато. Но тие реагираат емоционално, се навредуваат, бараат виновници и веруваат на манипулации  однадвор и од внатре.

А проблеми меѓу народите нема, има борба за власт помеѓу македонски елити, има битки и во Бугарија. Горда сум дека денес во Бугарија, како постабилна држава членка на ЕУ. не се разгоруваат националистички карти за Балканот. Ние сакаме да има договор со Македонија, со кој двете држави изјавуваат дека Македонија треба да биде членка на ЕУ. Неопходен ни е европскиот дух  на уважување, но неопходно е да се исполнат и европските норми на однесување, пред се стабилност на правниот поредок и слобода на изразување. Ова треба да се мотивите и целите на новите односи меѓу двете држави. Да нема повеќе провокации и закачки околу јазикот на кој се разбираме. Секој нека пишува, како сака. Историјата е во принцип заедничка, но и одделна за секоја држава и во тоа нема ништо лошо. Таа припаѓа  на сите кои ја изучуваат или следата како наука за фактите во минатото.

ЈАЗИКОТ, ИСТОРИЈАТА,  МАЛЦИНСТВАТА СЕ ПРАШАЊА ОД МИНАТОТО

Фактор: Кои се според Вас позитивните, а кои негативните страни во договорот за добрососедство и соработка?

Пиргова: Договорот има повеќе позитивни страни, отколку негативни.  И двете држави се  согласни  дека ќе ги почитуваат своите претходни договори и декларации за заемно признавање и за општа европска иднина. Јазикот, историјата и проблемот со измислените малцинства не се на дневен ред. Ова се  прашања од  минатото .  Сега  за глобалниот свет тие веќе не се интересни. Јас сум Бугарка со македонско потекло. Дедо ми и баба ми се од Кукуш и потекнуваат  од  Беломорска Тракија во Бугарија од 1913 година. Земјиштето на моите дедовци, тогаш бугарски, сега се во Грција. Јас одам во Кукуш, сегашно  Килкис, на децата им ја покажувам црквата каде што се крстени нивните баба и дедо.  Одиме и во Солун, каде што моите предци исто така живееле. Ова е приказната, историјата на моето семејство. Моите предци зборувале бугарски, турски и грчки и учествувале во Солунскиот атентат од 1903 година. Јас сум дел од македонската земја и луѓето кои живеат таму. Но, јас не сум од никакво малцинство, бидејќи  родителите ми се Бугари и се бореа за ослободувањето на Македонија од турско ропство. Јас сакам Македонија да биде држава од Европската унија, да биде самостојна и стабилна економски и да се занимава со своето иднина, а не со своето минато. Сметам дека договорите имаат позитивни и негативни страни. Треба да се потпишуваат кога водат кон мир и подобра иднина. А договоот за кој се договориле Зоран Заев и Бојко Борисов е  документ кој е важен за европскската  иднина на Македонија.

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ДИЈАЛЕКТ НА БУГАРСКИОТ 

Фактор: Договорот за добрососедство меѓу двете земји се гради врз основа на Декларацијата за пријателство потпишана во 1999 година, кога премиери беа Љубчо Георгиевски и Иван Костов. Тогаш камен на сопнување беше формулацијата за македонскиот јазик, но и ставот на Скопје кон македонското малцинство во Бугарија. Дали ова значи дека офциијална Софија ќе го признае постоењето на македонскиот јазик?

Пиргова: За мене лично македонскиот јазик е еден од бугарските дијалект. Писмениот македонски јазик е создаден со политичко решение во едни поинакви политички околности по Втората светска војна. Македонија тогаш беше дел од Југославија и некако беше природно  Србија да има поголемо влијание  врз Македонија. Но сега не треба да се враќаме назад. Мислам дека добро се разбираме и кога зборуваме или  пишуваме на сопствените јазици. Тие немаат потреба од взаемно признавање и разгорување  на страсти кај луѓе кои ја разбираат историјата. Факт е дека ние  се разбираме и без преведувачи, иако  секој си зборува на својот јазик. Јас сакам да читам македонски весници, да има бугарски книги во Македонија. Никогаш не би ги делела  нашите уметници на македонци и бугари, секој може да  пишува како сака  без притоа да го загрозува другиот или да му го оспорува  јазикот и потеклото. 

Секогаш ќе има локални историчари кои ќе велат дека Јане Сандански и Гоце Делчев се Македонци. Да, колку што  јас сум Македонка, односно Бугарка од македонско потекло. Гоце Делчев е од Кукуш и неговата сестра била омажена во семејстово на Пиргови. Јас сум Бугарка и голем дел од бугарското население се како мене. Така што нека не зборуваме за малцинства и јазици, бидејќи тоа се факти од нашата историја и секој ги преживеал. Сега е време да живееме веќе како слободни луѓе, без да наметнуваат една единствена вистина, зашто вистината не е само една.

ДЕБАТАТА ЗА ИДЕНТИТЕТОТ ИРИТИРА 

Фактор: Заедничка прослава на Илинденското востание – каква би била пораката? 

Пиргова: Дебатата за идентитет ме иритира. Како личност немам само национален идентитет - јас сум Бугарка со родители од македонските земји, за време на војните протерани од таму, социјалист по убедување, јас сум демократ како модел за однесување во социјалниот живот, истовремено сум и професор по политички науки, мајка и ќерка, поет и писател понекогаш и што уште не?!. Мора да имате чувство за лично самоприпаѓање, имам место во бугарската нација и држава, но како граѓанин, дел сум и од европсктото семејство, на држави и народи . Тоа се сите мои идентитети, начини на мојот живот и различни активности. 

Поимот идентитет не смее да ја ограничува личноста. Персонализацијата е самоопределувањето преку свесноста и активности. Идентитетот не се зема и не се дава, тоа е интимно доживување на припадност кон некого и нешто. Поентата е да се почитуваме како граѓани со различни идентитети, кои никој не може да ги злоупотребува за политички цели. Ако дојдат гости од Македонија ќе се радувам и јас ќе одам во Скопје. Со овој факт јас ниту ќе земам, ниту ќе дадам "идентитет".

ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ ИМА ПРИТИСОК ДОГОВОРОТ ДА НЕ БИДЕ ПОТПИШАН

Фактор: Бугарската поддршка за Македонија патот кон НАТО и ЕУ е  условена со потпишување на договрот за добрососедство. Како Бугарија  ќе се постави во однос на спорот меѓу Скопје и Атина околу името?

Пиргова: Бугарија прва ја призна македонска држава по распадот на Југославија. Името на Македонија, како држава, не е бугарски проблем.  Бугарија нема да тргува со него.

Фактор: Може ли да се случи во „Пет до 12“ да пропадне сето она што го договориле премиерите Заев и Борисов и какви би биле последиците ако меѓудржавниот документ не биде ратификуван ?

Пиргова: Има сериозни отпори во двтете средини, особено во опозицијата против Зоран Заев во Македонија, кои се против договор со Бугарија и против ЕУ. Тоа се и внатрешните и надворешните сили, нормално е насекаде денес да интервенираат и доминираат геополитички фактори и интереси. Очекувам провокации од страна на поранешната власт во Македонија, која е против договорот, против влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ. Но се надевам дека владите на Бугарија и Македонија ќе одат по европскиот пат и дека  нема да  подлегнат на политички провокации.

Потпишувањето на нов Договор за добрососедство меѓу нас е само еден нов чекор кон добрите односи на Балканот, кон можноста “ракијата заедно да ја пиеме” во Софија и Скопје. Овој договор не е ниту решение на сите прашања, ниту универзален лек за меѓудржавните односи. Ако не работиме заедно, со позитивна клима и енергија, состојните и натаму можат да бидат статични и ништо да не се промени од тоа што имаме нов Договор за добрососедство.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење