Договорено спојување на два гиганти: Се создава најголемата компанија за обложување
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2019
Flater Enterprises, кој е во сопственост на Padi Power и Betfer, договорил спојување со својот конкурент Stars групата од Канада.
Со тој договор се создава најголемата компанија за обложување на интернет во светот, соопштиле од Flater .
Вкупниот годишен приход на обете компании е 4,6 милијарди американски долари, додека берзанската вредност на новосоздадената компанија се проценува на 11,37 милијарди американски долари.
Акционерите на Flater ќе поседуваат 54,6 проценти од новата компанија. Договорот се очекува да биде завршен во вториот или третиот квартал од следната година.
Гери Макген, претседател на Flater , ќе ја задржи таа позиција во фирмата настаната со спојувањето , а која ќе биде со со седиште во Даблин и ќе биде котирана на лондонската берза.
Макген рече дека таа ќе стане „глобален лидер во брзорастечката индустрија на онлајн обложување на спортски настани.“