Дојава за бомба го затвори метрото во Киев
Објавено во: Свет 26 Мај, 2018
Властите на Киев oбјавија дека затвориле пет метро станици, повеќето во центарот на градот, по дојава за поставени бомби.
„Станиците се затворени за патниците и во моментов се врши контрола“- соопштено е на „Фејсбук“ страницата на киевската градска служба која управува со метроата.
Во Киев вечерва се игра финалето на Лигата на шамиопните во фудбал, помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.
Откако е направена контрола, утврдено е дека дојавата е лажна.