(ФОТО ФАКТОР) ДОЈАВА ЗА БОМБА СТИГНА И ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ, евакуација на посетителите и вработените во шопинг центарот
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2022
Како и во многу скопски средни училишта, дојави за бомби почнаа да стигнуваат и до други институции.
Откако оваа недела тоа се случи со Народна Банка на Македонија, денеска според сознанијата на Фактор дојава стигнала и до големиот шопинг центар Ист гејт мол.
Од Ист гејт мол, за Фактор, потврдија дека до молот стигнала дојава за бомба, по што според редовните безбедносни процедури, дошле од Министерството за внатрешни работи да ја проверат состојбата. Тоа било причина трговскиот центар да се испразни, при што биле евакуирани вработените и посетителите. Од Ист гејт мол уште додаваат дека во моментов чекаат да заврши неопходната процедура и молот да продолжи со норамално и редовно работење.
Според наши сознанија евакуација на граѓани имало и кај трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром.