ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО РУСИЈА: Скоро 6000 луѓе евакуирани од седум училишта
Објавено во: Свет 12 Септември, 2017
Вкупно 5.706 ученици и наставници од седум училишта се евакуирани во рускиот град Перм, бидејќи полицијата добила анонимна дојава за поставена бомба.
Локалното Министерство за безбедност објави дека рано изутрина, седум училишни и административни згради во овој уралски град се евакуирани половина час откако полицијата добила дојава за поставен експлозив.
Припадници на полицијата и Националната гарда ја пребаруваат зградата со кучиња-трагачи.
Локалните медиуми јавуваат дека се евакуирани и студентите од Националниот универзитет за истражување во Перм, како и минувачите кои се наоѓале на една автобуска постојка.
Перм е 13-ти град во Русија по населеност.