Добивај вести на Viber
Зголемување на профитот во вториот квартал поради значително зголемување на клиентската база, забележа Дојче Телеком.
Како што соопштија од компанијата, чистата добивка е зголемена за 10 проценти во периодот април-јуни до 530 милиони евра (704 милиони долари) во споредба со 482 милиони евра за истиот период лани.
Таа освои многу клиенти од двете страни на Атлантикот, посочи шефот на телекомот Рене Оберман.
За вториот квартал групата ги зголемила претплатниците во САД со 688.000 лица во однос на падот од 557.000 евра за истиот период минатата година.
Групата очекува T-Mobile USA да ја зголеми својата база на клиенти со 500.000 до 700.000, во втората половина на годината.
Бројот на мобилни договори во Германија се зголеми за 434.000 во вториот квартал, наведува компанијата. Приходите во периодот април-јуни се зголемиле за 5,4 проценти до 15,2 милијарди евра во споредба со 14,38 милијарди евра во истиот период лани.