Разрешени над 15 потсекретари: Што се случува во ВМРО-ДПМНЕ?
Објавено во: Македонија 18 Август, 2018
Дали се разрешуваат кадри кои се идентификувани како проевропски? Официјален одговор нема, а партиски извори тврдат дека веќе функционира неформален штаб кој работи на тивок бојкот на референдумот, пишува Дојче Веле.
Разрешен Организациониот секретар на партијата и над 15 потсекретари. Ова, според извори од Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ бил еден од епилозите на вчерашната седница на ИК.
Во партиското соопштение по седницата нема никакви информации за овие смени, освен дека се именувани седум претседатели на Општински Комитети, како и двајца нови членови на Централниот Комитет. Главниот фокус е ставен на составот на Комисија за изработка и систематизација на идеи и предлози за програма, кој ќе го предводи Трајко Славевски, а ќе членуваат професионалци докажани во своите области.фото Дојче Веле