28 Март, 2024
0.0281

ДОЈДЕ ДА ИГРА ТЕНИС, НЕ Е ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ: Австралискиот тенисер Кирјос ќе носи маска со „Новак“ и маица на која ќе пишува „ИДЕМО“

Објавено во: Свет 15 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва од 23.30 часот го чека судењето, по што дефинитивно ќе знае дали ќе може да учествува на овогодинешниот Австралија опен.

Неговиот адвокатски тим веќе оствари една „победа“, бидејќи одлуката ќе ја донесе „тричлена комисија“, што значи дека пресудата ќе биде правосилна, па министерот Алекс Хок не може да поднесе жалба, но се добива впечаток дека целата Австралија е против него. Еден од ретките кој е „гласот на разумот“ во целата ситуација е Ник Кирјос.

Ова е најголемото изненадување во целата приказна, бидејќи Кирјос со години е најгласниот критичар на Новак Ѓоковиќ, но најмногу го поддржува од почетокот на драмата во Австралија. За разлика од Рафаел Надал.

-Министерот Алекс Хок вели дека Новак Ѓоковиќ е закана за нашите граници, јас велам не, го третираме како оружје за масовно уништување. Дојде да игра тенис, разбирам дека го напаѓаат затоа што не бил вакциниран, но тој има документација која дозволува игра. Сега сиот гнев го насочија кон него за да го исфрлат од државата. Ништо не направил, само сака да игра тенис. Важно е да игра тука и важно е за спортот, вели додаде Кирјос.

Ник Кирјос не само што навива Новак Ѓоковиќ да си ја врати визата и да игра на Австралија опен, туку и ќе му даде целосна поддршка. Австралиецот нема да учествува на турнирот бидејќи е позитивен на корона вирусот, но доколку српскиот тенисер стигне во финалето, Кирјос ќе биде на трибините.

-Сакам да го освои Австралија опен, а потоа ќе шетам со маица на која пишува „ИДЕМО“ и маска со Новак Ѓоковиќ. Би било кул, изјави насмеаниот Кирјос.

Австралиецот потврди и дека Новак неодамна го контактирал преку социјалните мрежи.

-Новак ме контактираше преку Инстаграм и ми се заблагодари што застанав зад него, не го очекуваше тоа од мене, очигледно е дека е под голем притисок, цел свет е против него. Мислам дека му е потребна човечка поддршка...рече Ник Кирјос.


Можеби ќе ве интересира

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија