Дојран ќе оживува со подводен музеј и наколна населба

Објавено во: Македонија 18 Април, 2017
Музеј под вода ќе никне во Дојран а проектот се базира на археолошките истражувања спроведени во периодот од 2012 до 2014 година .
Тогаш археолозите добија сознанија и одредени елементи кои укажуваат на постоење на наколна населба и на ова подрачје.
Според пишувања на медиумите годинава ќе се изработува проектот за наколната населба, а веќе следната треба да започне и нејзината изградба.
Територијата каде ќе биде изградена наколната населба е Стар Дојран.
Првото наколно живеалиште во Дојранското езеро се наоѓало на локалитетот Мрдаја, односно на најјужната точка од езерото и датира од преодниот период од бронзената и железната епоха.
Со овој проект се најавува и заживување на туризмот и привлекување на голем број туристи.
Можеби ќе ве интересира
Унгарската претседателка се подружи со шарпланинецот на Пендаровски

ИМА ЗАГИНАТИ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ МЕСТОТО ТРИ ЧЕШМИ - автопатот Штип-Миладиновци е во прекин

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонските политичари ги осудија инцидентите на Деве Баир и каменувањето на македонскиот клуб, во Бугарија повици за вето

Пендаровски со осуда за инцидентите на граница, демолирањето на македонскиот клуб и навредите на Јорданов

Ветерот откорна дрвја и бандери во околината на Кавадарци

Кирил Петков изнесе став како треба понатаму да се развиваат македонско - бугарските односи

Протераниот бугарски пратеник очекува враќање на ветото за Македонија

Како една тепачка на наркодилери во Охрид, стигна до Брисел

Дали ќе одговара Стојанов затоа што бараше податоци за македонски полицаец?
