Дојран треба да и врати 150.000 евра на ЕУ за штетен тендер
Објавено во: Економија 22 Април, 2018
Дојран треба да врати 150 илјади евра на ЕУ откако Европската комисија констатирала прекршување на условите за избор на фирма за реконструкција на пречистителната станица од програмата за прекугранична соработка со Грција, објави 24 Вести.
Станува збор за дел од проект за заштита на Дојранското езеро од 2014 вреден 309 илјади евра за Дојран. Но, општината место поевтиниот понудувач за реконструкција на станицата го избрале поскапиот за што реагирала чешка фирма учесничка на тендерот.
Од министерството за локална самоуправа информираат дека се работи на решавање на случајот . Било информирано министерството за финансии и премиерот Зоран Заев и веќе на една од следните владини седници се очекува одлука за обезбедување средства со цел Дорјан да не биде на црната листа на ЕУ за користење пари од европските фондови.