Доколку го знаеја ова, туристите ќе се спасеа од вулканот на Нов Зеланд
Објавено во: Свет 14 Декември, 2019
Сепак имало начин на кој можеле да се спасат туристите кои загинаа при ерупција на вулкан на Нов Зеланд.
Трагедијата која во понеделникот однесе 16 животи, можела да биде спречена. Но, посетителите не знаеле дека на островот имаат безбедно засолниште.
На Белиот остров уште пред три години е донесен метален контејнер тежок 2,4 тони, како сигурносен бункер доколку има опасност.
Поставувањето на контејнерот кој е допремен со хеликоптер. Во металниот контејнер имало безбедносна опрема (боци со кислород), како и резеврна облека, храна и вода.
Деновиве се извлекуваа телата и покрај големиот ризик од нова ерупција. За тоа помогна војската и нуркачи.
Неколку недели пред ерупцијата имало предупредувачки знаци, а минатиот месец бил зголемен степенот на тревога од еден на два (на скала од пет), што укажува на умерени до засилени вулкански активности.
Белиот Остров на кој еруптира најактивниот вулкан во Нов Зеланд е приватно земјиште, но тој сепак е набљудуван од националната агенција.
На островот кога се случила ерупцијата имало 47 туристи и нивните водичи.