08 Декември, 2025
0.0692

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2025 20:27

Добивај вести на Viber

Луѓето кои најголем дел од денот седат имаат за 112% поголем ризик за dijabetes tip 2, a за 147% поголем ризик за инфаркт. Просечно денес седиме 8–10 часа дневно. Често се случува 3-4 часа да не се помрднеме, пишува доктор Нино Беќаровски во својот текст насловен „Седењето е поопасно и од пушењето“.

„Што се случува тогаш:
– по 30 минути ни се намалува циркулацијата во нозете
– мускулите ја губат осетливоста кон инсулинот.
– гликозата поспоро влегува во клетките
– lipaza (eнизимот за разложување на мастите) опаѓа дo 90%
– trigliceridi-те растат
– се проценува дека долготрајното седење го скратува животниот век исто колку и 15 цигари дневно.
Веќе после 30 минути седење:
– крвта се успорува
– endotel-от (внатрешниот слој на крвните садови) почнува да ја губи функцијата
– мозокот добива помалку кислород и го губи фокусот
– телото преминува во режим на чување на енергијата и го успорува метаболизмот
Што треба да направиш?
– раздвижи се 2-5 минути секои 30 минути
– nо секое јадење прошетај 2–5 минути (го намалува шеќерот и инсулинот за 20–30%)
– додека зборуваш на мобилен движи се
– искористи ги рекламите на ТВ за да се раздвижиш
– паркирај ја колата барем 200 метри подалеку од твојата дестинација
- секоја пауза меѓу часовите, учениците да се тераат да се раздвижат“, вели Беќаровски.

Според него, улога игра и процесираната храна која ја внесуваме.

„Ултра процесираната храна го зголемува ризикот од метаболен синдром за 82% кај неактивните и за 30% кај активните. Ризикот од срцеви болести е 70% кај неактивните, а 12% кај активните кои конзумираат ваква храна, а ризикот од гојазност е помал за 42% кај активните!!! Џабе ќе поминете 1 час во теретана ако 9 часа пред или потоа ги отседите!!!! Направете 10.000 чекори дневно за да не Ви биде здравјето бедно“, додава Беќаровски.
<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fniko.bekarovski%2Fposts%2Fpfbid02AKW9gPM7npiV3i4w4uHu7A796n2LGcddXwsWwgrCSC2pwLAJ6WPX7Ps7CyYFzYo1l&show_text=true&width=500" width="500" height="219" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна