29 Март, 2024
0.0245

Доктор од Македонија го освојува Монт Еверест

Објавено во: Стил 25 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Алпинист од Македонија, инаку доктор по професија, го освојува највисокиот врв на светот - Монт Еверест.

Ѓорѓи Петков од Гевгелија е единствениот Македонец од мешовитата меѓународна експедиција „Еверест 2018“ составена од седум членови.

- Се наоѓаме во одлична психофизичка кондиција за време на тренинзите на Хималаите. Денеска имаме слободен ден и во моментот сме во базниот логор откако вчера се вративме од кампот 2 на 7.200 метри каде поминавме три ноќи. Таму трениравме поставување јажиња, вертикални и хоризонтални скали кои теба да ги поставуваме на трасата по која ќе се искачуваме – изјави гевгеличанецот во кус телефонски разговор за „Нова МАкедонија“

Експедицијата утре ќе замине во кампот 3 кој се наоѓа на 7.800 метри и доколку се биде како што е планирано, на почетокот на мај ќе продолжи кон освојување на „покривот на светот“ – Монт Еверест.