Доктор Олумчев: Ангов имаше хронични белодробни заболувања
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2020
Доктор Сашо Олумчев од Центарот за јавно здравје - Гевгелија во изјава за „Сител“ вели дека познатиот музичар и пејач Васил Ангов од истиот град починал по компликации од коронавирус по претходни хронични белодробни заболувања.
Дури третиот тест покажал дека Ангов има Ковид-19, откако претходните два биле негативни, открива докторот, откако утрината беше објавена трагичната вест за популарниот музичар во Гевгелија.
Симптромите покажуваат дека се работи за сериозно заболување, беше влошена состојбата и беше испратен на Инфективна клиника во Скопје. Кај хроничните пациенти многу брзо се влошува клиничката слика, не е тој прв случај, рече Олумчев од ЦЈЗ Гевгелија.