Документацијата на Мијалков не помина во судот
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2018
Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, ќе почека за да види дали ќе му биде прифатена гаранцијата од еден милион евра којас ја нуди за да се брани од слобода, наместо од истражниот затвор „Шутка, откако судот на претходна постапка утврдил дека одбраната не поднела комплетна документација, објави Независен.
Покрај судот, за гаранцијата треба да се произнесе и Специјалното јавно обвинителство со свое мислење.
Пред две недели Кривичниот совет на Мијалков му го продолжи притворот за нови 30 дена.