17 Јули, 2025
0.0421

ДОМ ЈА НАПУШТА КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ: „време е за принципиелна коалиција меѓу политиката и гласот на граѓаните“

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2025 09:59

Добивај вести на Viber

Со чувство на обврска кон сите граѓани и граѓанки кои веруваат во зелена, праведна, демократска и европска иднина на Македонија, Централниот одбор на ДОМ избра визија, храброст и граѓанска вклученост.

Ова го посочуваат од Демократска обнова на Македонија - ДОМ, од каде информираат дека Централниот одбор на одржал седницата на 21 јуни 2025 година на која биле донесени три важни одлуки кои ја поставуваат идната политичка насока што води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност. 

- Првата одлука се однесува на напуштање на коалицијата со СДСМ и истата претставува принципиелен исчекор кон заштита на вредносниот интегритет на ДОМ. Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока на самостојно, јасно и идеолошки доследно политички дејствување. ДОМ коалициите ги разбира како алатка за остварување на заедничките вредносни цели, но кога тие се губат, доаѓа моментот за нова насока. Оваа одлука е донесена со целосна почит кон соработката од минатото, но како политичка партија која се стреми кон инклузивност, доследност и отвореност, ДОМ верува дека дојде време за нова, самостојна и одлучна насока - се посочува во соопштението исрпатено до медиумите. 

Воедно додаваат дека на седницата на Централниот одбор беше донесена и одлука со која ДОМ се отвора за вистинско партнерство со граѓанскиот сектор, локалните заедници и сите кои се борат за зелена, праведна и европска иднина.

- „Тивките“ коалициони партнери во два наврати едногласно гласаа за ограничување на граѓанското право на учество - ги избришаа независните кандидати од изборната игра. 

И затоа со оваа одлука го најавуваме формирањето на „Коалиција за зелена иднина“, отворена платформа за идеи, заедничка акција и поддршка на автентични локални кандидати од граѓаните за граѓаните. Оваа одлука е одговор на политичката затвореност, игнорирањето на граѓанските иницијативи и девалвацијата на меритократијата. Наместо следбеници, ДОМ ќе гради инклузивни политики со соработници. 

Воедно, ДОМ упатува отворен повик до сите активисти и активистки од граѓанскиот сектор, до младите и студентите и до сите граѓани и граѓанки кои се залагаат за еколошко, праведно, одржливо и европско општество: да влијаеме заедно, да делуваме здружено и да ја изградиме зелената иднина на Македонија - нагласуваат од партијата. 

Потоа посочуваат дека третата одлука што ја донесе Централниот одбор е одлуката за настап на претстојните локални избори без партнери од традиционалниот политички спектар. Одлуката претставува политички избор што произлегува од желбата на членовите на ДОМ да градат нова култура на локална политика: автентична, вредносно доследна и поврзана со вистинските потреби на локалните заедници. 

- Во оваа насока на исполнување на политичка волја на членството, ДОМ ја нуди својата структура, знаење и поддршка во сите општини каде што има луѓе со идеи, со интегритет, со врска со својата заедница и САМО за граѓаните. Наместо компромиси со политички партнери без визија, ДОМ ги отвора вратите САМО за граѓанските сојузници кои ја споделуваат вредносната мисија за зелена, праведна и инклузивна локална политика.

Со овие одлуки, ДОМ го проширува политичкиот простор за сите кои со години се бореле, но не биле слушнати и за сите оние кои сметаат дека „Коалиција за зелена иднина“ е неопходното нешто за нашата татковина. За сите што сè уште веруваат дека политиката може да биде доследна, вредносна и етичка. Испраќаме јасна порака: време е за принципиелна коалиција меѓу политиката и вистинскиот глас на граѓаните и граѓанките. Ги повикуваме секој и секоја што веруваат во зелена, праведна и европска иднина – да ни се придружат. Ова е повик за сојузништво и храброст. За ново лице на Македонија - се нагласува на крајот од соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

МУ ПЛАТИЛА 6.700 ЕВРА, ПА ЗЕЛА И КРЕДИТ ОД 3.000 ЕВРА: Маж измамил скопјанка на социјалните мрежи ветувајќи и брак

МУ ПЛАТИЛА 6.700 ЕВРА, ПА ЗЕЛА И КРЕДИТ ОД 3.000 ЕВРА: Маж измамил скопјанка на социјалните мрежи ветувајќи и брак

ОЈО: Oтворена е истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

ОЈО: Oтворена е истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје

ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје

„Не гледам потреба за организирање лидерска средба со Филипче“: Мицкоски за повиците повторно да се види со лидерот на СДСМ

„Не гледам потреба за организирање лидерска средба со Филипче“: Мицкоски за повиците повторно да се види со лидерот на СДСМ

Опозицијата со остра реакција: Началници ќе се поставуваат без полициско искуство

Опозицијата со остра реакција: Началници ќе се поставуваат без полициско искуство

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Костадинов му се заблагодари на Мицкоски за парите за проектите: „Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот“

Костадинов му се заблагодари на Мицкоски за парите за проектите: „Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот“

Уапсената докторка од Битола примила поткуп од 100 евра

Уапсената докторка од Битола примила поткуп од 100 евра

Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Декларација за стратешко партнерство

Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Декларација за стратешко партнерство