09 Декември, 2025
0.0403

ДОМ: На празник се вработуваат „инспектори“ за животна средина

Објавено во: Македонија 02 Август, 2025 11:16

Добивај вести на Viber

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на огласот од Министерството за животна средина за вработување на 11 помлади инспектори во Државниот инспекторат за животна средина на определено време до 31.12.2025 година, со нереален рок за аплицирање од само три дена – до 02.08.2025.

„ДОМ го оценува овој чекор како неприфатлива манипулација пред локалните избори. Со оваа брза и нетранспарентна процедура, спроведувана и за време на државен празник, сериозно се поткопува кредибилитетот на институцијатa“, се вели во реакцијата на партијата.

Оттаму го прашуваат министерот Минчев дали вака мисли да ја департизира администрацијата.

„Со наместени огласи од партиски војници? Животната средина не може да ја зачуваат нестручни и необучени партиски послушници, водени од мотивот да добијат награда за својот ангажман на претстојните локални избори“, велат од ДОМ.

Партијата бара итно поништување на огласот и, како што велат оттаму, спроведување на транспарентна, и непристрасна постапка за вработување инспектори.

„Само на тој начин можеме да ја вратиме довербата на граѓаните и да ја заштитиме природата за идните генерации“, додаваат оттаму.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак