19 Април, 2024
0.0260

Домаќинствата се уште не може да продаваат струја, кочи правилникот

Објавено во: Економија 06 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Со новиот закон за енергетика, македонските домаќинства можат да произведуваат електрична енергија од сонце и да ја користат за сопствени потреби или да ја предаваат на пазарот, но ќе треба да почекаат уште некој месец, објави Нова Македонија.

Се уште не е изготвен неопходниот правилник за обновливи извори на енергија, со кој треба да се дефинираат условите и начинот како ќе се предава енергијата во дистрибутивната мрежа.

Од министерството за животна средина сметаат дека тој ќе биде готов следниот месец.

– Со новиот закон за енергетика се создадоа предуслови за либерализација на пазарот, поголема конкурентност на чинителите во енергетскиот сектор, раздвојување на надлежностите на дел од енергетските компании, како и нови форми за поддршка на резиденцијалниот сектор за производство на електрична енергија за сопствени потреби. Интересот е огромен како од домаќинствата, така и од малите и средните претпријатија што имаат можност да го реализираат ова – кажа Владимир Сарач, в.д. директор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

Тој додаде дека интензивно се работи на донесување на неопходната подзаконска регулатива, која ќе овозможи целосна реализација на мерката со која и домаќинствата и секторот за производство на енергија ќе имаат голема корист.

– Сметам дека со донесувањето на правилникот ќе се овозможи масовно инсталирање фотоволтаици на семејните покриви и користење на електричната енергија за сопствени потреби – додаде Сарач.

Интересот за искористување на сончевата енергија и другите обновливи извори на енергија во Македонија е голем, посочуваат од регулаторната комисија за енергетика и истакнуваат дека искористеноста на повластените тарифи е голема.
Оттаму додаваат дека вкупната инсталирана моќност за која ќе се применуваат повластените тарифи за купопродажба на електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изнесува 16,7 мегавати и таа е целосно исполнета.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите