19 Јуни, 2019
0.0332

Домашни туристи на скопскиот аеродром чекаат од ноќеска да заминат за Хургада

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2019

Стотина туристи од земјава кои уплатиле аранжман за Египет од ноќеска се уште не можат да полетаат од скопскиот аеродром.

Еден од патниците во изјава за 24 вести вели дека никој не ги информира што се случува.

-Требаше да полетаме во 2:30 часот, па најавата беше во 5:00 часот, па во 7:00 и последната е во 10 и 40, но засега нема ништо, вели патникот.

Аранжамот го уплатиле преку неколку туристички агенции.

Случајот не е пријавен во Државниот пазарен инспекторат. Директорот на инспекторатот Стојко Пауновски во изјава за МИА вели дека доколку не се реализира аранжманот патниците треба да поднесат претставка до инсепкторатот и тие ќе постапат веднаш.

– Во вакви ситуации постапуваме веднаш, односно наредниот ден откако ќе добиеме претставка. Оштетените треба да ги доенсат договорот и фискалната сметка за платениот аранжман, а агенцијата за нереализираниот аранжман треба да ги врати уплатените средства на патникот, појаснува Пауновски.

Тој додаде дека во 95 отсто од случаите парите се вратени на оштетените патници, како и во случај кога патниците не се задоволни и не го добиле она што било пропишано со договорот.

Оштетените патници средствата ги добиваат во рок од три дена, вели Пауновски


Можеби ќе ве интересира

Град паѓаше во Неготино

Град паѓаше во Неготино

ФОКУС НА ДЕНОТ: За Димитров еден услов е многу важен за датум, стартува поврат на ДДВ

ФОКУС НА ДЕНОТ: За Димитров еден услов е многу важен за датум, стартува поврат на ДДВ

Димитров: Ни фали едно делче за да не може да имаат оправдување за датумот

Димитров: Ни фали едно делче за да не може да имаат оправдување за датумот

Пожар го уништи основното училиште „Страшо Пинџур“ во Штип

Пожар го уништи основното училиште „Страшо Пинџур“ во Штип

САД: Охрабрени сме што ЕУ ќе донесе одлука за отворање на пристапни преговори за Северна Македонија

САД: Охрабрени сме што ЕУ ќе донесе одлука за отворање на пристапни преговори за Северна Македонија

АНКЕТА: За колку проценти му „бега“ ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ?

АНКЕТА: За колку проценти му „бега“ ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ?

Иванка Василевска: Со задоволство го прифаќам разрешувањето од Пендаровски, датум за милион години

Иванка Василевска: Со задоволство го прифаќам разрешувањето од Пендаровски, датум за милион години

За упис во скопска гимназија за 285 слободни места се јавиле 330 со сите петки

За упис во скопска гимназија за 285 слободни места се јавиле 330 со сите петки

Димитров: Во октомври ниту една земја-членка на ЕУ нема да има оправдување

Димитров: Во октомври ниту една земја-членка на ЕУ нема да има оправдување