ДОМАШНИ ЖУРКИ НА УДАР НА ПОЛИЦИЈАТА: МВР растури две забави и приведе 13 млади
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2021
Полицијата синоќа
во Скопје упадна на две домашни журки на кои е констатирано дека не се
почитувале мерките за заштита од Ковид-19. Приведени се вкупно 13 млади луѓе.
Како што информира Министерството за внатрешни, синоќа околу 3 часот по полноќ, влегле во стан на улицата Рајко Жинзифов, каде имало гласна музика и не се почитувале мерките за заштита од вирусот. Со судски налог, полицијата извршил контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје, а освен тој на забавата имало уште седум присутни на возраст од 25 до 33 години. Сите осум лица се приведени.
Истовремено во стан на улицата Елисие Поповски Марко петмина 20-годишни лица правеле забава, по што и тие се приведени.
Полицијата соопштува дека против сите 13 ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.