29 Март, 2024
0.0258

Домашните институции на штрек: Се мери колку германската економија ќе и земе на македонската

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Ако потраат неповолните перформанси на германската економија тоа може да се прелее и во домашната економија, најмногу на побарувачката за македонски производи кои се извезуваат таму. Дополнително таа криза може да влијае и на финансиските текови, велат од Народната банка за Фактор. Во централната банка будно ги следат случувањата во германската економија која годинава се соочува со значајно побавен раст, а е наш клучен трговски партнер. Се погласно се зборува за рецесијата во германската автомобилска индустрија, но засега институцијата на чело со гувернерката Анита Ангеловска Бежоска не утврдила влијание на македонската економија. Од НБМ за Фактор велат дека најголемиот ризик е што нашата економија е вклучена во германскиот синџир на снабдување, па евентуално влошување на ситуацијата на потрајна основа ќе го намали извозот кон германската економија.

„Ризиците од надворешното окружување секако се присутни. Тоа го нагласивме и во рамки на априлските проекции, укажувајќи на понагласените надолни ризици, вклучително и побавен раст на германската економија, којашто е наш клучен трговски партнер. Со оглед на тоа што нашата економија е вклучена во германскиот синџир на снабдување, евентуалното продолжување на неповолните перформанси на потрајна основа, секако може да се прелее во домашната економија преку каналот на извозната побарувачка, а понатаму и преку финансиските текови и каналот на очекувањата, велат од Народната банка.

Сепак оттаму тврдат дека и покрај високиот степен на поврзаност, засега, економските показатели во нашата економија не покажуваат повидливи ефекти oд забавениот раст на германската економија.

Во првите седум месеци од оваа година извозот на стоки од нашата земја во германската економија има двоцифрен раст во споредба со истиот период минатата година или пораснал со стапка од 22 отсто. Од централната банка велат дека овој податок покажува дека странските компании во извозниот сектор сѐ уште имаат простор за дополнително искористување на капацитетите. Ова, пак, очекуваат од НБМ во добар дел треба да ги ублажи евентуалните неповолни ефекти од случувањата во германската и воопшто глобалната економија.

Според Виктор Мизо, директор на Костал и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Стопанската комора, годинава ќе се произведат 4,3 милиони патнички автомобили помалку во споредба со претходната година. Најголем пад се очекува на пазарите во Кина, Европа и САД.


„Што се однесува до автомобилската индустрија во земјава, треба будно да ги следиме приликите на глобален план, со тоа што нашите искуства кажуваат дека ефектите од падот на производството во Европа не се пресликуваат веднаш на нашата економија, туку тоа се афтершокови кои се регистрираат после 6 до 12 месеци. Иако веќе е најавено скратено работно време и масовни отпуштања на работници кај европските гиганти, сметам дека локалните добавувачи во земјава коишто произведуваат технолошки напредни компоненти и делови за странски партнери ќе бидат помалку погодени од последиците од падот во автомобилската индустрија, вели Мизо.

Аврам Стојчевски, директор на Ван Хол Македонија изјави дека има знаци на пад на автомобилското производство.

Преструктурирањето во правец на нови технологии е задолжително. Поефикасното работење е клучно за справување со притисокот на којшто ќе бидат изложени за да ги снижат трошоците. Исто така, постои предизвикот да се одржи лојалноста и продуктивноста на работната сила кон компаниите и тоа во период кога миграцијата кон Западна Европа поради работа само се засилува како процес, вели Стојчевски.


Германскиот извозен сектор годинава бележи послаби резултати, како одраз на неповолните глобални економски и геополитички околности, особено трговските тензии и неизвесниот процес на Брегзит. Растот на годишна основа во оваа економија забави, особено во второто тримесечје, а во втората половина од годината засега се очекува негово умерено забрзување. За  2019 година и 2020 година и понатаму се очекува економски раст во Германија, но поумерен од претходно очекуваниот.

Од Народната банка велат дека внимателно ја следат ситуацијата и ако има потреба соодветно ќе реагираат.

А.Т.

Фото: Стопанска комора, ING Think

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра