ДОМОВИТЕ УШТЕ НЕ ИМ СЕ ИЗГРАДЕНИ: Повеќе од 10.000 Албанци се во шатори
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2020
Во соседна Албанија во шатори се сметени повеќе од 10.000 луѓе, по смртоносниот земјотрес кој лани ја погоди земјата.
Министерот за обнова, Арбен Ахметај, изјави дека земјотресот кој Албанија ја погоди утрото на 26 ноември, во шатори се сместени уште 10.023 лица, а 12.000 добиваат бонус за станарина од владата. Материјалната штета предизвикана од земјотресот е 985.074.906 евра.
Во земјотресот со јачина од 6,4 степени загинаа 51 лице, беа повредени 900 и раселени околу 17.000 луѓе.