28 Мај, 2020
0.0386

Донации од училиштето „Нова“ и фабриката „Жито Пром“

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2020

Меѓународното училиште „Нова“ и фабриката „Жито Пром“ од Гевгелија донираа заштитна медицинска опрема односно маски, визири и скафандери за Инфективната клиника во Скопје и Општата болница во Гевгелија. Воедно, тие обезбедија и месечно снабдување со кроасани за сите 170 вработени на Инфективната клиника, за 110 социјално загрозени семејства во Гевгелија како и за Црвениот крст во Скопје(за 40 луѓе кои работат во мобилните тимови, 150 бездомници, 150 деца на улица и 70 стари и изнемоштени лица кои периодов не се во можност да излезат од своите домови).

Со цел да им помогнат на ранливите категории граѓани како и на медицинските лица кои без одмор се борат со вирусот Ковид-19, „Нова“ и „Жито пром“ се одлучија на овој чекор. Покрај месечното снабдување со кроасаните, тие одвоија средства да се купат и 700 маски, 30 визири и 120 скафандери за двете здравствени институции.

- Со пораката #wearehere4U, нашите две организации „Жито Пром” и „Нова” ги здружија силите да им помогнат на тие кои се првата одбранбена линија од корона вирусот. Се надеваме дека оваа донација ќе му помогне на персоналот да обезбеди подобра заштита на личното здравје со што ќе можат да бидат поефективни во грижата за нашето општо здравје – велат од менаџерските тимови на „Нова“ и „Жито пром“.

Меѓународното училиште „Нова“ на 11 март ги затвори своите врати и продолжи целосно да ја реализира наставата онлајн. Фабриката „Жито Пром“ која ги произведува кроасаните 4U функционира со намален капацитет комплетно следејќи ги препораките за заштита на своите вработени.


Можеби ќе ве интересира

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Генерали Инвестментс советува: Инвестирањето во акции од нафтената индустрија и воздухопловството само за добрите познавачи

Генерали Инвестментс советува: Инвестирањето во акции од нафтената индустрија и воздухопловството само за добрите познавачи

Стилски совети за впечатлив изглед

Стилски совети за впечатлив изглед

Почнува официјалната продажба на The Frame и The Serif телевизорите во Македонија

Почнува официјалната продажба на The Frame и The Serif телевизорите во Македонија

„Нова“ организира онлајн хуманитарен базар за училиштето за деца со посебни потреби „Иднина“

„Нова“ организира онлајн хуманитарен базар за училиштето за деца со посебни потреби „Иднина“

„Божиновски часовници и накит“ ги прогласи победниците на предизвикот „Херои 2020“.

„Божиновски часовници и накит“ ги прогласи победниците на предизвикот „Херои 2020“.

Халкбанк утре почнува со исплата на мајската пензија

Халкбанк утре почнува со исплата на мајската пензија

Изненадувачки практичен и секако Simply Clever: ENYAQ iV ја претставува иднината на ŠKODA

Изненадувачки практичен и секако Simply Clever: ENYAQ iV ја претставува иднината на ŠKODA

„Аџибадем Систина“ воведува можност за онлајн консултации

„Аџибадем Систина“ воведува можност за онлајн консултации