29 Март, 2024
0.0338

Донација од 210 000 евра од ЕВН за медицинска опрема и приклучок на новата монтажна болница

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија донира 200 000 евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен систем за справување со Ковид 19. Дополнително на оваа финансиска поддршка, ЕВН даде свој придонес и во подигнувањето на мобилната (полска) болница во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, донирајќи го приклучокот за електрична енергија во вредност од 10.000 евра.

„Во услови на глобална здравствена криза решивме да ја зајакнеме редовната поддршка, со дополнителна донација за македонскиот здравствен систем. Во овие вонредни услови потребна е заедничка координирана акција за што полесно справување со здравствените, но и со економските последици кои ги предизвикува ширењето на вирусот Ковид-19. Како конструктивен партнер на општеството и понатаму ќе се трудиме активно да помагаме“, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Пред шест месеци, ЕВН веќе донираше на Министерството за здравство прочистувачи на воздух со капацитет од 2500 кубика на час, хепа филтри и респираторни машини за високофреквентна механичка вентилација за новороденчиња, во вкупна вредност од 60.000 евра.

ЕВН како компанија која врши јавна дејност веќе презеде низа активности за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија за сите граѓани. Сите корисници се насочени да ги користат он-лајн услугите на компанијата, а активностите на компанијата се одвиваат согласно сите препораки за физичка дистанцираност.


Можеби ќе ве интересира

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење